Црногорскиот политичар и еден од лидерите на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора оди со околу 29 отсто од гласовите.
Неговиот противкандидат Мило Ѓукановиќ освои 35,3 отсто од гласовите. Милатовиќ е големото изненадување на овие избори и додека за неговиот политички живот се знае и пишува многу, за неговиот приватен живот нема многу информации, но неговата сопруга Милена при самото гласање привлече големо внимание во јавноста.
Милатовиќ гласаше на претседателските избори во Подгорица, а на гласачкото место дојде придружуван од сопругата Милена. Таа воодушеви со својот изглед во црвен костум и бела кошула.
Таа беше насмеана и им позираше на фоторепортерите заедно со својот сопруг.
Милатовиќ во медиумите е претставен како човек „без дамка во кариерата и животот“, пристоен и семеен човек, кој потекнува од семејство кое само по добро го познаваат и таткото и мајката.
Велат дека е вреден и неуморен, посветен татко на ќерките Сара и Ана и синот Давид, грижлив сопруг.
Според податоците од имотниот лист од 2021 година, Милатовиќ е сопственик на стан од 46 квадрати што го купил. Заедно со сопругата Милена Милатовиќ е косопственик на стан од 68 метри квадратни.
Милатовиќ има 85.000 евра во пензискиот фонд, а 7.000 евра на тековната сметка. Сопругата на Милатовиќ има нешто повеќе од 3.000 евра на тековната сметка, а во декември заработила 909 евра.
Милатовиќ, кој поседува и автомобил Рено Меган од 2012 година, има станбен кредит од 70.500 евра, кој го враќа на месечни рати од 452 евра.
Comments are closed for this post.