Криминалот на Артан Груби нема крај.Груби ги полни џебовите на неговиот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.
Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари-тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје.
ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба.
Груби ја докажува нераскинливата врска со неговиот брат, при што и со народни пари сака да го збогати.
Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се одважи и веќе да не молчи.
Comments are closed for this post.