Со петиција на интернет „Огнената група“ на ДУИ денеска почнува обид за разрешување на Артан Груби и на неколку министри.
–Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат. Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето, гласачите, структурата се незадоволни од владеењето на Груби и другите, истакна Изет Меџити во изјава за ТВ Телма.
Тие тврдат дека нивните средби со граѓаните се повеќе посетени и затоа сметаат дека, како што велат, во паника раководството ја смислило кампњата „Тој доаѓа“ за да се дефокусира јавноста.
Меџити и во интервјуто за „Република“ истакна дека не бараат од инает Груби да си оди туку дека е нелегитимен.
Ако Ахмети не не слуша нас треба да го слуша членството. На ДУИ и на државата и оди подобро без Груби-рече Меџити.
И додека незадоволните во ДУИ се спремаат за смена на Груби , партиското раководство ја почна кампањата „Да тој доаѓа“ за новиот премиер.
Comments are closed for this post.