Бугарија очигледно не губи време да ја прикаже својата вистина за депортацијата на Еврерите и го користи (злоупотребува) членството во ЕУ.
Најновата иницијатива доаѓа од бугарски лобисти на чело со извесен Џераси кои испратија инцијатива до ЕУ да се прогласи Ден на Бугарија за спасувањето на Евреите“.
Дека оваа инцијатива е во напредна фаза говори и тоа што предлогот е веќе испратен до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и до Катарина фон Шнурбејн, координаторката на ЕУ за напорите за борба против антисемитизмот.
Во предлогот Џераси пишува дека „Бугарија е единствената нација во светот што ги спасила своите Евреи и дека „ Бугарите се скромен народ кој не го промовирал овој чин на херојство“.
Покрај ова потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека наскоро ќе започне и иградба на Музеј на спасувањето на Бугарија.
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во Брисел организираше конференција токму на оваа тема а пак македонскиот претседател Пендаровски побара Бугарија да се извини за протерувањето на што официјална Софија жестоко реагираше.
Comments are closed for this post.