Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица Македонија по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два примери се еклатантен пример на корупција и криминал.
Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Грби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса.
Јаулески истакна дека Таравари станал заложник на Груби, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните.
Вашиот Артан Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУ, потенцираше тој.
Ова е коалиција за спас на Артан Груби. За да има вистинска борба со криминалот на институциите, потреба е дегрубизација на институциите, смета Јаулески.
Comments are closed for this post.