Околу прашањата за трошењето на државна сметка, вицепремиерот Маричиќ во интервју за „Макфакс“ одговори дека сите сметки потпишани од него се поврзани со некоја службена активност и не отскокнуваат од просекот на министрите.
Немам што да кријам, затоа што не ја злоупотребувам никогаш сметката, картичката. Владата има правилник, којшто ги третира службените трошоци и точно за секоја сметка имам извештај. Има правилник по којшто се цени колку смее да чини еден оброк и не било секогаш до максимум. Секогаш се било во рамките на законот, вели Маричиќ.
Comments are closed for this post.