По победата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, изјави дека 10. победа на Грен-слемот во Мелбурн има огромно значење за него.
Морам да кажам дека ова беше еден од најтешките турнири во мојот живот. Не играв минатата година и се вратив оваа. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме примија, ми направија да се чувствувам удобно во Мелбурн и Австралија. Само мојот тим и семејството знаат низ што минавме во последните четири или пет недели. И би рекол дека, со оглед на околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, изјави Ѓоковиќ.
Ова за Ѓоковиќ е 22.трумф на Грен-слем турнирите и 93. победа на тениски турнир во неговата кариера.
По триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ од утре се враќа на првото место на АТП ранг-листата.
Comments are closed for this post.