Бегства од затворите секогаш имало и секогаш ќе има.Последниот случај кој се случи можеби прелea една состојба која трае подолго бидејќи свесно не се преземени мерки за безбедност и не е постапени по правилниците за спровод на лице до медицинска установа, објаснува Виктор Цветковски, поранешен директор на Управата за извршување на санкции.
Дискутабилна е медицинската природа на повредата на екстремитетите која можела да почека и до другиот ден кога ќе се отворат амбуланите и болниците.Проблемот е што е дозволено, тука веројатно одлучува командирот и тука е првата грешка.Втората е спроводот, начинот каде седел, дали имал врзани раце и сл. Ова се свесни пропусти, сигурно дека ова било подготвуванои било бирано времето, смената, избегнувањето на сообраќајниот метеж.Подготвувано е ова многу претходно-убедува Цветковски во интервјуто за „Република“.
Тој објаснува и колку пари чини едно бегство.
-Се работи за шестоцифрени бројки во евра-открива адвокатот Цветковски.
Тој вели оти е јавна тајна дека затворот во Идризово има присуство на корупција, посебно во делот на службата на обезбедување.
Затворите премногу се партизирани, во Идризово и во Шутка постојат структури поставени по партиските хиерархии. Тоа мора да се искорени. Треба да се размислува за тоа политиката да биде вмешана по казнено поправните домови максимум до директорот за извршување на санкции а надолу директорите на КП установи да бидат професионалци од внатре.
Цветковски објаснува и зошто осудените во Идризово за кои се водат и други случаи не можат да користат погодности како отсуства.
Се работи за правилник кој не дозволува користење на погодности доколку имате други постапки.Тој е правилник што го носи министерот за правда на предлог на Управата за извршување на санкции.Важи за сите затвори и тој правилник регулира на кој начин се користат погодности.Тој правилник го донесе тогашниот министер Маневски и остана да функционира. Уште 2017 година беше кажано дека ќе го променат но тој се уште важи.Правилникот е спротивен на Устав, дискриминирачки. Постои начелото на презумција на невиност. Тоа што за некого се води постапка не значи дека ќе биде осуден, можеби ќе биде пресудата одбивателна или ослободителна.Овој правилник директно влијае на правата и погодностите на осудените лица.
Цветковски посочува дека иако Идризово е најголем затвор, не е најстрог.
Затворите во Прилеп и Штип важат за построги бидејќи има помала поврзаност, политичка и роднинска, и затоа и другите затвори како Битола и Куманово во важат за многу построги. Целата поставеност и гломазен систем на Идризово дава многу аномалии.Контролата во казнено-поправните уставнови мора да биде секојдневна, посеебно во Идризово за да не се случуваат кланови помеѓу структурите во затворот и осудените лица.
Comments are closed for this post.