Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски не заминува за Париз, дознава Алсат. Според информациите на телевизијата Димовски нема да биде амбасадот, а со тоа нема да го пополни испразнетото место во Париз.
Иако постапката за негово испраќање беше при крај, сепак Владата и претседателот Пендаровски одлучиле да не ја привршуваат поради скандалoт со Олександар Онишченко.
Контроверзниот проруски бизнисмен од Украина доби македонско државјанство иако во Киев го гонеле за перење на пари, а бил на црната листа на САД за мешање во тамошните претседателски избори.
Comments are closed for this post.