Мнозинството членови на Комисијата за уставни прашања одлучи Рамковниот договор да биде дел од преамбулата, а одлуките на АСНОМ да се заменат со прогласот.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на содржината на амандманот со образложение дека, со ова се бришат државотворните одлуки.
За СДСМ пак, нема ништо спорно во додавањето на Рамковниот договор во Преамбулата затоа што тој веќе е содржан во 14 измени, а не е точно и дека се губи уставно правниот континуитет на државата.
Инаку, Комисијата за уставни прашања викендов ќе ги разгледува и останатите два амандмани.
Пленарната седница е закажана за 1 декември, по што ќе се пристапи кон гласање за втората фаза за кое е неопходно апсолутно мнозинство, односно 61 глас.
Comments are closed for this post.