„Глас“ за Македонија“ ја сочинуваат вредни и чесни луѓе кои си ја сакаат државата.Бевме дрско искрадени на парламентарнте избори за околу 40.000 гласови што ќе значеше два до три пратеници што не осакати како партија и сега повторно влегува во друштвото на т.н мали парти а ќе бевме парламентарна партија која ќе направеше разлика како што нашите советници сега прават огромна разлика, вели професорката Солза Грчева во интервју за „Република“.
Таа е разочарана што не се реализира идејата за една изборна единица која сигурно ќе им донесеше повеќе пратеници.
Баравме и да нема праг или да има природен праг од 0,8 посто.Заев рекол да им дадеме една изборна единица но со 3 до 5 посто праг.
Грчева вели дека нема кој да го стисне копчето за ресет на државата бидејќи овие кои се сега на власт стискаат копче што им носи многу пари и моќ.
Какво копче стисна СЈО?. Нивното копче беше политичко а не борба против корупцијата.Не може да имаме борба против корупцијата туку треба да имаме системско спречување а тоа бара големи политички промени и резови.Тие политички резови може да ги најдат во нашата политичка програма. Потребни ни се стручни луѓе.Пример ако некој го води Мепсо тој треба да е врвен енергетичар, ако некој води образование треба да некој кој водел образовни процеси.Ни требаат квалификувани луѓе. А под политички резови треба да имаме отповикливост на фукционери, референдум за секое отворање на Устав, импичмет на Влада преку референдум. Како можеме да го заклучиме тој сет на политички резови ако криминалот ни се крие во самите резови.Додека не добиеме независни инстутуции не можеме ништо да направиме.
Грчева е разочарана што речиси сите големи случаи немаат судска разрешница и настрадува некоја ситна риба а големите се извлекуваат секогаш.
Не знам од каде надежта на американската амбасадорка дека може да се воспостави ред иако немерата е добра. Меѓутоа треба да ги открие изворите на корупција.
Грчева нема дилема дека ДУИ е полугата која што создава власт и дека то мора да се промени
Мора да се знае дека државотврен народ во Македонија се Македонците иако тоа го избришаа со АСНОМ но убедена сум дека тоа ќе се врати.Не може државата да зависи од ДУИ но тоа како власта зависи од ДУИ.
Грчева останува на ставот дека Заев е промашена инвестиција а сега Ковачевски го смета за надоградена промашена инвестиција.
Заев направи големи бељи за државата, за среќа не се непоправливи. Толкав број на грешки и пропусти направи Заев туркајќи ја насила преспанската агенда и договор што сето тоа се поправа исто така на правен начин.Ковачевски пак влегува во договор со Бугарија загазува се повеќе и повеќе .Тој е една бледа и анемична личност кој неправи ништо друго освен што ја продолжува таа политика на немоќ, сервилност и губење на последни атоми на сувереност.
За Грчева е неразбирливо што власта се уште се „крсти“ во меѓународните договори.
Треба да имаш дефицитит во паметот ако се „крстиш“ во такви договор.После она што го кажа Меркел дека не планирале да го почитуваат Договорот од Минск како и веруваме на истата Меркел кога доаѓаше кај нас и велеше дека на брз колосек ќе ја спроведеме Македонија кон Европа. Каде е сега Македонија? прашува Грчева.
Лидерката на „Глас за Македонија“ останува на ставот дека промената на името е направено коруптивно.
Заев се фалеше со тоа, тој не ги криеше тие работи.Ние извршивме промени во Кривичниот законик за еден од тие пратеници да не влезе во затвор. На братот од еден пратеник му се давани тендери, а пак синот на една пратеничка не влезе во затвор порад коруптивна зделка за да гласа за уставните промени. Сето тоа е евидентирано.Јоханес Хан побара тоа да се реши на балкански начин и така го решија.
Според неа, промената на Уставот за да влезат Бугари ја отвора вратата на пеколот.
Албанците во склад со лажниот попис за кој не можам да им простам на дузина квази политичари што повикуваа на бојкот.Македонците излегоа мала разлика со Албанците и тогаш тие ќе бараат Уставот да се редефинира.Ако ја имате читано преговарачката рамка таа не се базира само на договорот со Бугарија туку ја инкорпорира во целост декларацијата донесена во бугарскиот парлемент.Згора на тоа немаме никаква гаранција дека тоа ќе биде последна блокада а немаме ни гаранција дека нема да продолжи со блокадите.
Грчева како професор состојбите во образованието ги оценува како катастрофални.
Образованието е поставено на погрешни темели.Ако првите десет години после растурањето на Југославија имаве горе-долу некој систем што го влечевме по инерција сега веќе немаме ништо. Замислете го стандардот во кој живеат нашите студенти.Со скафандер никој од нас нема да може да помине повеќе од една недела во студентиски дом.Посегнаа дури и по субвенционираниот студентски оброк.Јас имав предлог да се потпишат договори со градовите што се студентски центри кои ќе гарантираат нутристионистички добар оброк направени од македонски производи.Потребно е да се субвенционираат оние студенти што живеат на едно а студираат на друго и плаќање по 2000 денари по легло.Не е добро што имаме само академски студии а никој не оди на стручни.Немаме ни национални стандарди кој смее да биде професор а не ги укинавме ни дисперзираните студии кој се извор на неквалитет и ги упропастуваме способни млади деца.Тоа не се студии.Немаме средно образоване кое ќе трае две, три или четири години.За некои занаети се потребни две години, за некои три.Треба да одиме на занаети.Затоа веќе немаме водоводџии, електричари, фризери…
Таа е убедена дека власта по секоја цена ќе сака да го истурка мандатот до крај.
Секој ден на власта и значи некоја коруптивна зделка со неограничена моќ на сметка на осромашување на граѓаните кои зимава ги чека осиромашување.Ако многу бидат притиснати од незадоволството на народот ќе вршат срамни уцени кон опозицијата да глаасаат за уставни измени за да има предвремени избори.Кон тоа одат и изјавите на странските мисионери кои доаѓаат но се помалку.Веќе не сме интересни бидејќи Европа не мисли да се шири.
со
Comments are closed for this post.