Како еден од „безбедните“ начини на допишување и организирање криминални активности, освен телефонски апликации, мафијашите во Србија користат и „Протон маил“.
Криминалците и нивните соработници се целосно убедени дека нивната комуникација преку платената апликација не може да се контролира и следи, до тој степен што разменувале планови, детали, фотографии од убиства и сл.
– Го користев и „Еко Ту“, кој беше најголема конкуренција на Скај. Тие две апликации можеа да разменуваат пораки, но подоцна беше отстранета од безбедносни причини – призна Лалиќ на судењето.
Апликацијата „Ана“
Поради „Ана“паднаа стотици криминалци низ светот. Се испостави дека „безбедната платформа“ за кореспонденција всушност била создадена од ФБИ и дека токму оваа американска служба цело време ја следела преписката на луѓето од криминалното милје. „Ана“ всушност е наследничка на Скај.
Comments are closed for this post.