И денес има низа дојави за поставени бомби во Скопје.Освен во трговски центри, хотел, спортски центар, дојава за бомба има стигнато и на скопскиот аеродром.Поради тоа, сите летови се откажани.
Во тек е итна евакуација на вработените и патниците.
Меѓу објектите под закана се скопскиот аеродром, ТЦ „Ист гејт“, ФФМ, хотелот „Александар Палас“ и СЦ „Борис Трајковски“.
Од МВР велат дека наскоро ќе излезат со информации по однос на пријавите.
Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти.
Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Кавадарци.
Comments are closed for this post.