Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот.
Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
– Обвинетиот Мухамед Зеќири извршувал именувана функција генерален секретар на Влада на Република Северна Македонија и како носител на таква државна фунција го сторил кривичното дело во рамките на кое со умисла, што значи свесно и со своја волева намера, не спровел соодветни постапки за јавни набавки како што истото е предвидено согласно Законот за јавни набавки во Република Северна Македонија, а двете конкретни услуги се однесуваат на вршење на договори за консултантски услуги, рече обвинителката.
Таа појасни дека првиот случај се работи за кнсултантни услуги за реконстуирање на АД Пошта во државна сопственост, а второто за консултантски услуги за поддршка на процесот на потенцијална приватизација на „ЖРСМ Транспорт“ АД Скопје.
– Обвинителството ќе докаже дека иако обвинетиот Мухамед Зеќири, како генерален секретар на Влада, со заклучок на Владата бил задолжен да спроведе постапка во рамките на која ќе се ангажира фирма, поточно консултантска куќа, која што ќе го даде предлог моделот за реконструирање на АД „Пошта на Република Северна Македонија“, во државна сопственост, тоа не значи дека Владата го ослободила сега обвинетиот како генерален секретар, од неговата одговорност да ги почитува законите во Република Северна Македонија донесени од страна на нејзинот законодавен дом, односно, со ваквиот заклучок не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи со правни лица за кои истиот мислел дека се компетентни да ја вршат услугата која што била прдмет на договорот, рече таа.
Обвинителката дополни дека обвинителството ќе докаже дека правното лице кое е договорна страна на договорот за консултантски услуги за АД Пошта, „Интерхолдинг„ ДОО всушност е правно лице кое што било основано во земјава, непосредно пред склучувањето на договорот и кое што, како што посочи, реално, од доказите кои обвинителството ги обезбеди, во неговото пријавено седиште во Скопје не обавува никаква дејност.
Таа потсети дека истражната постапка, која покрај обвинетиот Мухамед Зеќири, се водеше и против две други лица државјани на Хрватска, е во прекин, поради нивната недостапност на органите на прогон.
Зеќири се товари дека преку овие дејствија го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.
Одбраната на обвинетиот Зеќири во своите воведни зборови денеска кажа дека во текот на постапката ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело кое му се става на товар.
– Одбраната во текот на постапката ќе докаже дека обвинетито не го сторил кривичното дело кое му се става на товар, дека во неговите дејстивја нема инкриминирачки елемнти и во поглед на законска дозволеност на неговите дејствија што му се става на товар и во поглед на евентуалната штета, рече адвокатот Владимир Андреевски.
Според него, она што го слушнавме како обвинителен акт и во писмена форма и на денешната презентација е, како што рече „полуполитички говор за некакви принципи, цели, и други начелни прашања“.
– А никаде не слушнавме, ниту видовме, која законска одредба е прекршена од страна на обвинетите, односно, каква повреда конкретна и на кој материјален закон е направена за да му се стави на товар, рече тој.
Одбраната посочи дека очекува олободителна пресуда за обвинетиот Мухамед Зеќири.
Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, судењето продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителството.
Comments are closed for this post.