Српската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Драган Стојковиќ Пикси пристигна во Белград по болната елиминација во групната фаза на Светското првенство во Катар.
Репрезентацијата не пристигна во полн состав. Марко Грујиќ, Никола Миленковиќ, Дарко Лазовиќ и Филип Ѓуричиќ се вратија во своите клубови директно од Катар за да се приклучат на подготовките за продолжението на сезоната, додека Предраг Рајковиќ се врати од Доха во Белград со сопругата Ана Рајковиќ.
Oва само ги засили шпекулациите за лошата атмосфера во репрезентацијата предизвикана токму од Ана која наводно имала афера со Душан Влаховиќ.
Comments are closed for this post.