Парламентарното мнозинство не го прифати барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски дел од дневниот на ред на денешната 65. седница да биде нивниот Предлог законот за амнестија на лицата обвинити, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април.
Мицевски рече дека дел од дневниот ред станале шест-седум закони по скратена постапката за кои не биле информирани, а не се става на седница законот што го предлагаат. Со поддршката за законот, како што кажа, власта ќе покаже дека намерата е навистина да се работи во насока на помирување, а се друго, како што рече би било политиканство
Comments are closed for this post.