Дваесет палети натоварени со вештачко ѓубриво за тартуфи пристигнале во пристаништето Бар уште во средината на јули – а во вреќите низ вештачкото ѓубриво имало кокаин.
Полицијата решила да не го запленат веднаш кокаинот, туку да чекаат да дојде муштеријата за пратката, односно да се контролира испораката.
Албански државјанин ја зел пратката, а по него тргнале црногорските полицајци и нивните колеги од Албанија. На територијата на Албанија се уапсени осомничени за шверц на кокаин, а инспекторите ги пребарале хангарите во сопственост на клиентот во близина на Тирана.
Како нарачателот се споменува името на З.Черванаку од Тирана.
Првиот сигнал дека палетите се натоварени со нешто поскапо, а не со вештачко ѓубриво, била огромната разлика во вредноста на товарот и неговиот транспорт.Во акцијат била вклучена и ДЕА.
Досега се уапсени 15 лица, од кои четворица во Тирана. Уапсените беа држени под надзор и прислушувани извесно време објави abcnews.al.
Comments are closed for this post.