Во вчерашното гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека немаме причина да ги вметнеме Бугарите во Уставот, не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор, ако е албанскиот јазик утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик.
Петковски истакна дека можно е Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија.
Сепак Петковски нагласи дека тоа е негова претпоставка, нема конкретни сознанија за оваа ситуација.
Comments are closed for this post.