Хрватскиот Вечерњи лист објави шокантен напис од кој произлегува дека Американците, но Русите на чело со претседателот Борис Елцин им продавале оружје на таа земја за време на војните во 90-тите.
– И покрај ембаргото, 16.000 тони оружје пристигна во Хрватска со одобрение на прозападната Русија на Елцин. Оружјето пристигна и од Украина, обуката во Република Хрватска за борбени хеликоптери ја спроведуваа Белорусите, а тие и Русите заедно ја обучуваа армијата за ракување со С-300. Тие биле обучувани и од француските легионери, а во акциите загинале и украински пилоти – пренесува Вечерњи лист.
Comments are closed for this post.