Генералштабот на вооружените сили на Украина вечерва соопшти дека украинските сили ја потиснале руската војска од две населени места Чаривна и Чкалова.
Двете населби се наоѓаат во областа Херсон, каде Украина спроведува контраофанзива со цел да го ослободи Херсон, главниот град на истоимениот регион.
Украинската војска соопшти дека руските сили продолжуваат да ги напуштаат окупираните делови на регионот Херсон, додавајќи дека грабежите стануваат се почести.
Comments are closed for this post.