уштината е дека ние како опозиција правиме се за да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Важно е да правиме се што можеме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Јади бурек што се емитува на телевизија Сонце.
За ова треба да дојдеме до 61 пратеник и ќе работиме да дојдеме до тоа.
„Има инсталации кои сакаат да ја продолжат кариерата на овие неспособниве и да се радикализира ситуацијата. Во 21 век во Европа ништо не може да се постигне радикално. Сакаме тоа да се случи побрзо посебно по историскиот резултат на локалните избори и анкетите кои се исклучително поволни и во кои сме два спрема еден во однос на СДСМ, но ние внимателно чекориме“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека има инсталации, хушкачи кои ја напаѓаат партијата со цел да ја намалат разликата со СДСМ.
„Тие не омаловажуваат, навредуваат и се сојузници со власта за да ја намалат разликата со ВМРО-ДПМНЕ по можност едноцифрен број на пратеници па сите од една страна, ВМРО-ДПМНЕ од друга и да си направат влада, но разликата секој ден се зголемува и нив ги очекува дебакл“, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.