Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на земјава.
Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.
Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собрание на Република Македонија, Талат Џафери, како и со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи
Comments are closed for this post.