Откако Кривичниот суд во петокот ја одби молбата на Груевски за одлагање на казната, четворицата адвокати екс премиерот доставиле поединечни жалби до судот.
Сите жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот на поранешниот премиер Никола Груевски се пристигнати во судот.
Кривичниот совет составен од тројца судии во рок од три дена ќе треба да одлучи дали ќе ги прифати жалбите или пак ќе ја потврди одлуката на судијата за извршување на санкции. Рокот тече од утре.
Груевски денеска требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“. Вчера собраниската Комисијата за мандатно и деловнички прашања, по барање на судот, препорача да му биде одземен мандатот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Конечната одлука за неговиот имунетет треба да ја донесат пратениците на утрешната пленарна седница. За да му биде одземен имунитетот, неопходно е за тоа да се изјаснат две третини од вкупниот број на пратеници.
Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот вреден 600 илјади евра.
Comments are closed for this post.