Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги отфрла како лажни тврдењата на СДСМ дека е основач и сопственик на мали хидроцентрали.
Имено, во текот на вчерашниот ден 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/51032, изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два докази.
Првиот доказ е одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни (слика 1).
Вториот доказ е пресуда на Граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook (слика 2 и 3).
Нервозни се бидејќи аферата Броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај….
Comments are closed for this post.