Власта се исплаши од успешен референдум. Анкетите покажуваа дека референдумот ќе беше успешен. Тие се исплашија дека опозицијата ќе консолидира 910 илјади гласови и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.
Мицкоски потенцираше дека пред да се одлучат на референдум, тие го мереле јавното мислење и правеле анкети.
-Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот Комитет, рече Мицкоски.
Тој смета дека опозицијата може единствено на овој начин да се спротистави на политиките на власта. Како што рече, единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.
Според Мицкоски, собрани се доволен број потписи, формирана е граѓанска иницијатива и создале прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот.
Од Парламентот, посочи, очекувале демократски капацитет.
-Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.