Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ го повика поранешниот премиер Зоран Заев на избори, откако претходно денеска, поранешниот лидер на владејачката СДСМ изјави дека е убеден, како што кажа, дека 75% од граѓаните го поддржуваат Договорот со Бугарија.
- – Додека Македонија се уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев е убеден дека 75% од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати. Бидејќи газдата на Ковачевски и на Пендаровски и творецот на сите предавства Заев е убеден во поддршка од 75%, ајде најскоро на терен да ја измериме вредноста и во ист ден да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори, се наведува во објавата на портпаролот Стоилковски.
Comments are closed for this post.