Гласот на референдум ја направи Македонија независна. Гласот на референдумот ќе ја направи Македонија достоинствена, порача утрово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во честитката до граќаните за Денот на независноста на Македонија.
Пред 31 година одлучивме да бидеме независни, иако и тогаш многу не беа среќни со нашата одлука.
Пред 31 година дадовме завет дека ќе направиме се независна Македонија да биде држава со којашто ќе се гордееме.
Огромен предизвик беше референдумот за нашата независност. Многу прашања, дилеми и критики имаше и тогаш, но времето покажа дека овој чекор беше историски.
Сега, 31 година подоцна стоиме пред ист предизвик.
Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија.
Гласот тогаш беше храброст.
Гласот сега ќе е храброст.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември!
Да живее Македонија!, порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.