Tврдам дека Демократските сили на Ромите е најсилна партија на Ромите и еден од најголемите коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ вели во интервју за „Република и Пресинг ТВ“ лидерот Шабан Салиу.
Тој објаснува дека тоа го потврдиле со резултатите на локалните избори но и на последните протести.
Во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ сме од 2003 година и сме прв коалициски партнер и никогаш не сме помислиле да одиме во други коалиции. И најлошо кога беше останавме лојални на нашата коалиција-објасни Салиу.
Тој за својата партија вели дека е најорганизирана во сите структури со 43 општински организации во цела Македонија. Можат да донесат околу 20.000 гласови што воопшто не е за занемарување.
Доколку пак има една изборна единица секако би добиле два пратеници а можеби и повеќе. Но и тогаш пак ќе коалцираме со ВМРО-ДПМНЕ-убеден е Салиу.
Состојбата во државата Салиу ја оценува како анемична, разочарувачка и жална.
Како да се водеше војна во државата.Ковид имаше секаде но и решенија имаше секаде.Тешко ќе ја поминеме и енергетската криза.Да не беше Србија ни половина од овие што се вакцинирани немаше да се вакцинираат-потсетува Салиу.
Лидерот на ДСР е убеден дека напролет ќе има избори бидејќи оваа состојба е неодржлива.
Говорејќи за состојбата на Ромите, Салиу вели дека е тешка, особено откако го затвориле пазарот во општина Шуто Оризари од кој голем дел обезбедувале основна егзистенција.
За жал народот гласа како што гласа.На локалните избори имаше повеќе ромски политички партии и излегоа околу 4.500 граѓани во Шуто Оризари но гласовите се делат. Кој ќе успее да направи пазар со албанските гласови тој станува градоначалник.Неромските гласови одлучуваат за градоначалник во Шуто Оризари.Политичките партии на Албанците имаат свои општински организации во Шуто Оризари и каде тие ќе се припојат со своите гласови тоа е мнозинството и во советот на општината-вели Салиу за „Република“.
За резултатите од последниот попис Салиу смета дека не ја изразува вистинската бројка на Ромите во државата и за него тој попис е нелигитимен.
Пописот за нас е егзодус на ромската заедница. Бевме 46.375 а бевме 53.370. Овој попис е злоупотребен и вистинската бројка е продадена за политички интереси на одредени партии.
Како поранешен директор на Дирекцијатаза заштита и спасување Салиу смета дека оваа година само господ не спаси од големи поплави и пожари.
Превенцијата е најбитниот сегмент за Дирекцијата да може да се справи со природните катастрофи.Од друга страна и немавме многу пожари оваа година. Штетата доколку не е присутна превенцијата е еден спрема седум.Ако е добра превенцијата помали се и трошоците.Со еден авион не можеме успешно да се справиме со шумски пожари. Колку и да е скапо сервисирањето многу е поскапо кога ќе изгорат шуми, куќи а недај боже и човечки животи.Авионите мораа да бидат навреме сервисирани и најдоцна до април месец во година да бидат во топ состојба-смета Салиу.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Comments are closed for this post.