Таузанд Оакс крај Лос Анџелес во Калифорнија до синоќа важело за мирно место, но еден човек облечен со црни очила и црн плашт врз себе, наоружан до заби за миг идиличната слика за малото студентско гратче ја претвори во грозоморна реалност. Тој најпрвин го убил вратарот, во 23.20 часот по локално време. а потоа користејќи димни бомби направил вистински хаос во бар-ресторанот Бордер лајн, каде во моментот имало стотина гости кои биле на прослава.
Кога специјалците дошле во барот се било завршено, а непознатиот човек во црно го оставил својот манијачки потпис – насекаде крв, мртви тела. Според последните податоци најмалу 12 лица се убиени, меѓу нив и еден полицаец пред пензија, како и телото на напаѓачот, но не е објавен неговиот идентиет, затоа што е можно да станува збор за терористички напад.
На конференција за печатот, заменикот шерифот на областа рече дека се загинати 12 лица, оти уште 10-15 се повредени што од куршумите, што од метежот и обидите даизбегаат од местото на злосторството. Напаѓачот истрелал околу 30 куршуми.
Очевидци зборуваа за хаотични сцени за време на нападот.
„Бев на влезната врата и кога зборував со очувот почна пукањето. Легнав на под. Вратарот беше мртов, а вооружениот човек имаше пиштол. Тој пушташе димни бомби и продолжи да пука. Луѓето се обидуваа да избегаат преку прозорците. Воружениот човек носеше црни очила и црна мантија. Имаше моќно оружје“, рече еден од очевидците.
Друг додаде:„Тој манијак дојде, фрли дим за да предизвика конфузија и почна да пука“.
Локалните телевизии објавуваат снимки како повредени се превезуваат со амбулантни возила, а на некои им се дава прва помош на самото место.
“He died a hero… because he went in to save lives.” Ventura County Sheriff Geoff Dean pays tribute to his fallen deputy, Sgt. Ron Helus, one of twelve people killed when a gunman opened fire inside #Borderline Bar & Grill in #ThousandOaks. https://t.co/MNMIidyTFA pic.twitter.com/atGy9S3IB1
— ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 8, 2018
Comments are closed for this post.