Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 12.08 до 14.08.2022), направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи со КОВИД-19, седум починати (три од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г)), и 1.228 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани три починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година.
Од 889 новозаболени од Скопје се 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40, Охрид – 37, Куманово – 34, Гостивар – 29, Велес и Неготино – по 24, Кичево – 23, Тетово и Штип – по 22, Гевгелија – 17, Струмица – 16, Струга и Делчево – по 15, Кочани – 12, Радовиш – 7, Крива Паланка, Берово и Виница – по 6, Ресен – 5, Дебар, Кратово и Крушево – по 3, Свети Николе, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2.
Comments are closed for this post.