Застрашувачка е големата сличност меѓу серијата „Црна свадба“ и трагичниот масакр во Цетиње. Уште поневеројатно е што серијата е базирана на вистински настан. Се чини дека историјата се повторува.
Серијата „Црна свадба“, која се емитуваше и кај нас е снимена врз основа на вистински настан што се случил 2007 година на истокот на Србија.
Настанот кој ги инспирирал сценаристите е масакрот во Јабуковец кај Неготин во 2007 година, кога Никола Радосављевиќ, тврдејќи дека бил маѓепсан од влашката магија, уби девет души од своето село кои ги познавал цел живот, а двајца тешко ранил.
Приказната во серијата започнува во едно гратче во источна Србија каде Митар, кој го игра Славко Шимац, инаку мирен и нежен човек, ненадејно и брутално убива дванаесет свои соседи, а на крајот и себеси за време на преговорите со полицијата.
Comments are closed for this post.