Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака западна во сериозни проблеми откако против него e покрената истрага поради сомневање дека намерно добил жолт картон.
Фудбалерoт со албанско потекло е под истрага на Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA) поради сомнение дека е вмешан во обложувачка измама.
За целиот случај пишуваше „Дејли мејл“ кој објави дека се истражува и можноста да е вмешана албанската мафија.
Џака е осомничен дека намерно добил жолт картон на крајот од натпреварот против Лидс на 18 декември 2021 година кога Арсенал имаше 4:1 предност.
Играчот од средниот ред застана покрај топката, но не покажа желба да го изведе слободниот удар и на крајот доби јавна опомена за одложување.
Џака стана дел од истрагата поради големите уплати во обложувалниците за сценариото во кое доби жолт картон во последните 10 минути од тој натпревар. Наводно, сега се појавија докази дека во Албанија се платени големи суми во криптовалути.
НЦА ги истражува и тврдењата дека Албан Јусуфи, поранешен шведски фудбалер со албанско потекло, кој доби четири години забрана за играње фудбал во 2017 година бидејќи докажал дека учествувал во обид да ги намести натпреварите АИК – Гетеборг.Има докази дека токму Јусуфи платил големи суми на жолтиот картон на Џака.
Гранит Џака е роден во Базел, неговите родители се Албанци од Подуево, а неговиот брат Талант играше за албанската репрезентација.
Џака стана познат за време на Светското првенство во Русија, кога заедно со Џердан Шаќири со раце го направија симболот на голема Албанија.
Comments are closed for this post.