Украинската армија денеска предупреди дека Русија почнала да формира ударна сила за напад на Криви Рoг, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Јужната воена команда на украинската армија тврди дека е можно Москва да подготвува нови офанзивни операции во јужна Украина.
Јужната команда тврди дека Русија „почнала да создава ударна група во правец на Криви Рог“.
– Многу е веројатно дека непријателот подготвува непријателска контраофанзива со последователен план да стигне до административната граница на регионот Керсон – изјавија од Јужната воена команда на украинската армија.
Во редовниот извештај за војната на југот на земјата, командата ја опиша ситуацијата како напната и рече дека Русија извршила напади долж линијата на фронтот во вторникот.
Градот Криви Рог, познат по производството на челик, каде што пораснал Зеленски, се наоѓа на околу 50 километри од јужната линија на фронтот.
Comments are closed for this post.