Основниот суд ја одби тужбата на бизнисменот Орце Камчев кон Бојан Јовановски. Камчев приватно го тужеше популарниот Боки 13 за случајот „Рекет“ и бараше отштета од 1,5 милиони евра.
Во целост е одбиена тужбата и ова е правилна одлука. Тужителот нема статус на оштетен во кривичната постапка во случајот „Рекет“ и несовесно постапувал кога ги давал парите и бил свесен дека тоа е кричино дело .Тоа е причината за отфрлањето на тужбата во целост.-објаснува за „Пресинг ТВ “ адвокатот Сашо Дуковски.
Камчев има право на жалба пред Апелациониот суд.
Comments are closed for this post.