Опасна игра доаѓа од Бугарија. Наместо политика овојпат на фудбалски терен. Повод е мечот од Конференциската лига помеѓу Македонија-ЃП и ЦСКА од Софија.
Првиот дуел треба да се игра на комплексот на ФФМ во населбата Лисиче. Како што се пропозициите на УЕФА домаќинот одреди проценти билети од капациетот на стадионот а тоа е само 60 билети.Тоа не им се допаднало на гостите од Софија и барале повеќе билети.
Oд организаторот на мечот било понудено натпреварот да се игра на Националната арена. Но и тоа Бугарите не го прфатиле.
Прашањето е што се плаши бугарската екипа? Дали се исплашени од моменталната политичка состојба и антибугарските протести или навистина сакаат што поголем број фанови да дојдат во Скопје и да го бодрат својот тим?
Она што посебно загрижува е што гостите бараат од УЕФА да го смени местото на одигрување на мечот и тој да се игра на неутрален терен. Дури и предлагааат тоа да биде Ниш кој според нив била идеална дестинација бидејќи бил подеднакво одалечен и од Скопје и од Софија.
Ова е опасно барање на Бугарите бидејќи УЕФА дозволува промена на местото на одигрување само во екстремни случаи кога во градот е небезбедно или кога државата е во војна. Во Македонија непречено доаѓаат бугарски и европски политичари и влакно не им фали.
Другата опасна теза што ја наметнуваат Бугарите е што мечевите меѓу нивни и наши екипи ги споредуваат со оние меѓу руски и украински, држави кои се во војна.
А допрва во септември треба во Скопје да играат репрезентациите на Македонија и Бугарија.
Comments are closed for this post.