Пред присутните граѓани на протестот насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“ се обрати познатиот уметник Петар Ѓорѓиевски Камиказа облечен во неговиот дрес со натпис Македонија
Со овој дрес што го имам на мене имам истрчано преку 100 маратони во целиот свет и никому не му пречеше, а сега се најдоа некои да им смета светото име Македонија, Македонците и македонскиот јазик – потенцираше Георгиевски.
Тој им порача на присутните и на институциите во државата дека народот нема да отстапи ни педа повеќе и нема да дозволи нови понижувања..
Не даваме педа од оваа земја, не даваме педа од тоа што е наше и со крв спечалено. Имаат ли они некоја песна со која може да се пофалат кај што се пее за Бугарите? Нема, значи што немаат? Тоа што сакаат да ни го земат.
Comments are closed for this post.