Две години предупредуваме дека ќе дојде до ова и наместо да работат и произведуваат струја, тие се занимаваат со криминал и тендери во четири очи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, при гостување во централниот дневник на Сител.
Ако не произведуваме, мораме да увезуваме далеку поскапа електрична енергија. Граѓаните тоа ќе го почувствуваат два пати, преку плаќање на сметките, но и преку буџетот, бидејќи ќе бидат потребни 150-200 милиони евра државна помош.
Поскапување од 7,5% е замајување на јавноста зошто ако пресметате на годишно ниво, а посебно во зима и лето, кога се користат климите, поскапувањето ќе биде околу 17,5% – истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека екологијата и здравиот воздух беа топ три приоритети на граѓаните, но дека тоа повеќе нема да биде важно, затоа што оваа зима, оние најсиромашните, ќе палат било што за да се затоплат.
Сè ова е под влијание на светската енергетска криза, но не на толкаво ниво како што говорат. Последица е првенствено на нивните кражби, а потоа и на лошиот менаџмент во домашното производство – истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.