Тоа што примарно го очекуваме вечерва е десетици илјади граѓани пред Владата да кажат премногу е, време е за промени, вели потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вклучување во дневникот на телевизија 24 пред почетокот на Протестот за промени – Премногу е!
Муцунски нагласи дека во државата има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, како и дека вечерва од протестот ќе се испратат голем број на пораки, а како причина зошто граѓаните ќе порачаат премногу е и време е за промени, е токму лошата економска политика, но и попусливоста на владата во однос на прашањето со бугарскиот сосед.
Шест години влада предводена од СДСМ, ДУИ и други помали коалициони партнери каде што имаме постојани порази, дали е во делот на економската политика, каде што Македонија едно време беше лидер во делот на странските директни инвестиции, за сега да слушаме дека секој трет инвеститор сака да ја напушти земјата. Македонија своевремено беше на европски врв во делот на раст на БДП, а сега се наоѓаме на друг врв по најголема стапка на инфлација, рече тој.
Во делот на националните политики, меѓународните односи, влади од десницата, но и од левицата знаеле да го штитат националниот интерес, но сега имаме попуслива надворешна политика. Надворешна политика единствено на концесии спрема други странки кои што немаат коректен и европски интерес спрема Македонија, а од друга страна попусливост кој што само создава штета и ќорсокак во делот на европските интеграции. Тоа се само дел од причините зошто десетици илјади граѓани ќе кажат премногу е, време е за промени, истакна Муцунски.
Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее. Тоа почна со локалните избори, со масовната поддршка која граѓаните ја дадода на ВМРО-ДПМНЕ, а ние бараме поддршка за рушење на оваа власт, бидејќи има и план и стратегија како Македонија повторно ќе ги достигнува тие врвови кои што може да ги достигне, како повторно ќе ја вратиме пристојноста на македонскиот граѓанин и како ќе водиме политики насочени кон заштитата на македонските национални интереси, кажа Муцунски.
Муцунски е дециден и смета дека имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити македонските национални интереси, како и дека е премногу од порази на секое поле.
За жал имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити нашите национални интереси. Не верувам дека од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за четири месеци направиле повеќе од некои влади што направиле за четири години. Но, ние ги гледаме поразите на сите полиња, економијата, надворешната политика, образованието, здравството, нема област во кој што Македонија може да бележи напредок, а истовремено не гледаме и некој концепт дека ќе ни даде надеж дека во некоја следна година, две нешто позитивно ќе се случи. Но, верувам дека кога ќе видат масовност на граѓаните, со следните чекори кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија наскоро ќе имаме предвремени парламентарни избори. И ќе дојде влада која што нема да сака да владее само заради власта, туку влада која што има план и во делот на економијата, социјалната политика, надворешната политика. Влада која што ќе знае да работи во интересите и за приоритетите примарно на граѓаните на Република Македонија, изјави Муцунски.
Comments are closed for this post.