Судскиот совет на Основниот суд – Битола реши поп-пејачот Ламбе Алабаковски, во оваа фаза од истрагата, да биде пуштен од притворот во притворското Одделение на КПУ Затвор – Битола и да биде префрлен во куќен притвор.
Спроведувањето до домот на Алабаковски го изврши битолската полиција, со што е уважено барањето на неговиот адвокат Дарко Стефановски, осомничениот за палање на вратата од Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, да биде префрлен во домашен притвор.
Домот на Ламбе Алабаковски во Битола го надгледуваат полициски службеници на битолскиот СВР.
Comments are closed for this post.