Дваесетиот роденден Демократската партија за интеграција (ДУИ) ќе го слави три дена.
Според агендата што е објавена. на 3 јуни, односно во петок, во хотелот Хилтон во Скопје од 17 до 18 часот ќе биде организирана панел дискусија „Родовата интеграција во последните 20 години“ (Активност на Форумот на Жени на ДУИ). Потоа од 20.30 до полноќ ќе има концерт на олоштадот Скендербег во Скопје.
Во сабота на 4 јуни од 19 до 20 часот ќе има фудбалски натпревар (Активност на Форумот на младите на ДУИ), во Спортска сала на Средното Медицинско Училиште во Тетово.
Од 20.30 часот до полноќ ќе има концерт на плоштадот Илирија во Тетово, а централната манифестација ќе се одржи во недела од 13 до 14 часот во Паркот на Чаир Скопје.
На сите овие настани ќе присуствува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најавуваат од партијата.
Comments are closed for this post.