Водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер и неговиошеф Јос Лајдекерс (30) во изминативе неколку години испрале околу 20 милиони евра, за кои постои сомневање дека заработиле со шверц на кокаин!
Американското ФБИ и ДЕА дошле до ова сознание откако упаднале во шифрираната апликација Скај што ја користеле за комуникација, дознава „Ало“.
Со хакирањето на Скај, светските служби дознале дека Звицер и Лајдекерс, попознати по прекарите Холи, Боле Џос и Ел Президенте, наводно инвестирале пари од продажбата на кокаин во изградба на станови и други објекти. Тие се под истрага поради сомнение дека купувале и продавале станбени згради во Турција, Дубаи и Холандија. Истражните органи сметаат дека испрале и неколку килограми украдено злато.
Comments are closed for this post.