Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, правен наследник на Хашкиот трибунал, преку српското обвинителство за воени злосторства, повика на распит на осум лица, сегашни и поранешни радикали меѓу кои и Војислав Шешељ поради „кршење на правилникот за необјавување на доверливи информации и заштитени сведоци.
– Ме обвинуваат за откривање доверливи документи и податоци за заштитени сведоци. Мојот процес беше завршен одамна, а сите хашки документи од мојот процес ги објавив во повеќе од 50 книги. А зошто да не ги објавам, вели Воислав Шешељ
Шешељ наведува дека не се заканувал и не загрозил ниту еден од сведоците, а објавил хашки документи за тоа што го прикриле.
Comments are closed for this post.