Германија денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, а нови случаи на зараза претходно пријавија и Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија.
Медицинската служба на германските вооружени сили денеска соопшти дека го потврдила првиот случај на мајмунски сипаници.
– Институтот за микробиологија на германските вооружени сили во Минхен сега, исто така, несомнено го откри вирусот на мајмунски сипаници, за прв пат во Германија на 19 мај 2022 година, кај пациент со карактеристични кожни лезии“, соопшти медицинската служба.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека врз основа на достапните информации, тој претпоставува дека вирусот не се пренесува така лесно и оти неговото ширење може да се спречи доколку здравствените власти брзо дејствуваат.
Италија денеска потврди уште два случаи на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници, регионалните власти во Мадрид пријавија уште 14 случаи, а Велика Британија 11 новозаразени. И Франција денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници.
Случаи на мајмунски сипаници се откриени и во Португалија, Шведска, Белгија како и во САД и Канада. Болеста досега вообичаено беше концентрирана во Централна и Западна Африка
Comments are closed for this post.