Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степен. УВ индексот ќе изнесува 8, инфомрира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје претежно сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен.
УХМР најавува дека утре ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Од утре до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за три до шест степени.
Comments are closed for this post.