Се поголем број руски тајкуни се вртат против претседатателот Путин поради војната во Украина.Тие не сакаат да губат секојдневно милиони долари поради војната во Украина и бараат начин да го убедат да ја прекине.
Владимир Лишин, лидерот на еден од четирите најголеми производители на челик во Русија, го критикуваше предлогот да се принудат странците да плаќаат исклучиво во рубљи преку суровини.
Владимир Потанин, сопственик на компанијата за ископување никел и паладиум Норникел и еден од архитектите на приватизацијата во 1990 година во Русија, предупреди дека предлозите за запленување на имотот на компаниите кои ја напуштиле Русија поради војната ќе ја уништат довербата на инвеститорите
Бизнис магнатот Олег Дерипаска ја нарече војната во Украина луда и предвиде дека економската криза што ја погоди Русија поради санкциите ќе биде полоша од онаа што ја погоди земјата во 1998 година. Покрај тоа, тој тврди дека економската политика на Путин не резултирала со раст на руската економија и платите. Тој исто така рече дека Русија уште долго ќе се срами од војната во Украина, но додаде дека за тоа е подеднакво виновен и Западот.
Милијардерот Михаил Фридман, основачот на најголемата руска приватна банка Алфа банка, со богатство од 12,2 милијарди долари, на почетокот на војната излезе со реченицата дека предизвикувањето конфликт во Украина е трагедија и крвопролевање
Олег Тинков, основач на Tinkoff Bank, со богатство од 8,2 милијарди долари, го опиша конфликтот во Украина како незамислив и неприфатлив.
Comments are closed for this post.