И денеска останавме без одговори на прашањата на тема која што е многу омилена на криминогениот и однароден властодржец, а тоа е наводното руско влијание но само кога сака да го поврзе со отпорот кон македонското обезличување и редефинирање на државата, а со тоа и креирање на нова политичка реалност со последици кои ги надминуваат границите на Република Македонија, рече Стоилковски.
Тој го прашува премиерот Заев:
Дали минатата година против фирмата на Савидис била отворена, па по доаѓањето на актуелната власт во 2017 година била стопирана истрагата насочена кон „СЕКЕ“, истрага отворена од Царинската управа заради поврзаност на компанијата со фирми-ќерки во Грција и Бугарија кои во своите матични држави се под мониторинг на властите заради измама на доверителите и лажен стечај? Дали се точни наводите во медиумите дека истрагата се водела и поради сомнеж за финансирање на проруски политики на Балканот?
Стоилковски бара Заев да одговори и дали и колку Савидис е економски присутен во Македонија? Дали поранешен владин функционер од ЛДП сега е важен потписник во синџирот на Савидис? Дали Заев знае чиј е хотелот во Солун, по негово Тесалоники, каде што оди на забава? Дали знае дека Савидис е близок човек со Јанис Бутарис, солунскиот домаќин на Заев? Колку е зголемен приходот на компанијата СЕКЕ од 2017 година? Дали Заев во Крушево бил придружуван од Панајотис Теранидис, човек од доверба на Савидис?
Comments are closed for this post.