Бугарската делегација која претсојуваше во Македонија е децидна дека главното барање кое се форсира во моментов а тоа е внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав не е единствено туку дека подоцна ќе има и нови
Потпретседателката Јотова е јасна Бугарија нема да каже „да“ за членство во ЕУ се додека овие прашања не бидат регулирани.
– Кога зборуваме за гаранции, тие не може да бидат усни. Пет години по потпишувањето на Договорот за добрососедство ништо не е направено. Така што, за нас, најсериозните гаранции ќе бидат гаранциите на Бугарите во Уставот на Македонија, изјави Јотова.
Прашана дали главниот проблем за тргање на бугарското вето за Македонија во ЕУ е впишувањето на Бугарите во уставот на земјава, Јотова рече „не е само тоа“.
– Ако добро го познавате Договорот за добрососедство меѓу двете земји ќе знаете дека ништо по тие прашања внатре не е направено во последните пет години. Прво, поставените услови за одредени текстови во учебниците од средно, кои треба да бидат дефинирани од Историската комисија меѓу двете земји и тие соодветно да бидат вметнати во учебниците. Второ, ние бараме отворање на архивите за случаите со лицата кои покажале бугарска самосвест и на трето место, тоа што за мене е исклучително важено, е скрнавењето на спомениците, изјави Јотова.
Во однос на членството на земјава во ЕУ, Јотова посочи дека станува збор за исполнување критериуми на патот за членство, исто како и секоја друга земја на тој пат.
– Тие се јасно напишани во шесте кластери. Во поглавјата кои треба да се отворат со ЕК и Извештаите за напредокот на земјата. Тоа е една процедура, што се движи по сосема различна линија, рече Јотова, зборувајќи за можноста Бугарија да го крене ветото поради војната во Украина и опасноста од прелевање и во регионот.
Comments are closed for this post.