Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук се потсети на неколкуте средби што ги имал со тогашната специјална обвинителка Катица Јанева на кои таа побарала тој да соработува со СЈО и да го смени адвокатот. Предлогот бил тој да ги намести останатите обвинети како Јанкуловска, Јанакиески, Протугер за тој да биде ослободен.
Чекајте ве молам, дали тоа вие од мене барате да ги наместам другите за вие да ме ослободите мене?”, ја прашав.Па немојте така да ги сваќате работите, јас само барам да ни помогнете, да имаме соработка”И одговорив дека луѓето добро ги познавам и знам дека немаат никаква вина. Дека и тие како и јас сме под политички прогон и дека немам ништо во прилог што би и помогнало, а да местам некој невин, тоа не доаѓа во предвид.
“Добро”, одговори подналутена и веќе со поостар тон. Тогаш ние ќе продолжиме со нашата работа, по што по кратко ја завршивме средбата.Затоа Груевски смета дека е точно она што го говори таткото на Јане Ченто дека неговиот син добил понуда лажно да сведочи во замена за полесна казна.
Comments are closed for this post.