Виталиј Кутузов, поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо откри дека тој го купил својот прв автомобил уште пред да знае да вози.
Како што истакна во своето интервју за „Сан“ тој и Роналдо за многу кратко време станале многу добри пријатели, а воедно и цимери.
Кутузов откри и дека Роналдо бил толку посветен уште од најмладите денови, што на 17 години го купил својот прв автомобил – Мерцедес, иако тогаш не знаел да вози. Сепак, како што вели Кутузов, на Роналдо му било важно да дојде на тренинг со нешто што сам си го купил.
Сега речиси 20 години подоцна, Роналдо во својата гаража има од некои од најскапите автомобили, вредни неколку милиони евра.
Comments are closed for this post.