Затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино и се случува под чудни околности, се сомнева опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана. Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот. Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта. Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино? Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.